Време е да се сумираат резултатите, па така започна и дискусијата кој би можел да ја освои Златната топка оваа година.
Мислењата се различни, некои сметаат дека Роналдо ќе ја одбрани титуата, додека другите го гледаат Меси на тронот. Меѓутоа, многу експерти мислат дека нивната прослава ќе биде уништена од никој друг, туку екипетскиот Мохамед Салах.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, тешко е да се очекува дека „египетскиот Меси“ оваа година ќе седне на тронот, особено кога неговата репрезентација нема големи шанси на Мундијалот. Покрај тоа, нема да ја освои ниту титулата во Англија, а единствена прилика му е Лигата на Шампионите, каде што прво треба да го елиминираат неговиот поранешен клуб Рома.
„Bleacher Report“ објави листа на имиња од ТОП 15 играчи кои, според нивното мислење, се меѓу фаворитите за освојување на Златната топка за 2018. година. Така, според нив најголеми шанси има Роналдо, додека изненадувачки Салах е на второто место. Тоа значи дека аргентинскиот волшебник од „Камп Ноу“ е трет, потоа следува дуото на Ливерпул Фирмино-Мане. Тешко е да се поверува, зар не? На шестото место е еден од најдобрите играчи во Премиер Лигата, Кевин Де Брујн, додека на седмата позиција е Един Џеко.
Хамес Родригез, Роберт Левандовски и Антоан Гризман го затвораат ТОП 10.