Дома Фудбал Останато ФОТО: Навивачот на Брајтон не можеше ниту да помисли дека ќе добие одговор од Обамејанг

ФОТО: Навивачот на Брајтон не можеше ниту да помисли дека ќе добие одговор од Обамејанг

Арсенал минатиот викенд доживеа уште едно непријатно изненадување со поразот од Брајтон на гости (2:1).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Топчиите“ минатата недела се наоѓаат во голема резултатска криза, а тоа го покажаа и на натпреварот со Брајтон. Единствениот гол за Арсенал на овој натпревар го постигна Пјер-Емерик Обамејанг, кој неодамна пристигна од Борусија Дортмунд.

Обамејанг ја воодушеви јавноста во Англија по натпреварот со Брајтон. Имено, еден навивач на домашната екипа со интересен транспарент се обиде да добие дрес од напаѓачот на Арсенал, но во тоа не успеа. Но, откако се огласи на Твитер, веројатно не ни помисли дека така брзо ќе добие одговор од Обамејанг.

„Е Обамејанг, успеав дури да бидам и на Скај Спортс, но не го добив твојот дрес“, напиша детето Лука, а напаѓачот на Арсенал позитивно го изненади со одговорот: „Извини, те видов, но својот дрес го заменив со еден играч на Брајтон. Испрати ми твоја адреса и ќе добиеш мој дрес“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…