Дома Фудбал Англија ФОТО: Навивачите на Ливерпул на одличен начин му даваат поддршка на Ловрен

ФОТО: Навивачите на Ливерпул на одличен начин му даваат поддршка на Ловрен

Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен најверојатно минува низ најтешкиот период во својата кариера, откако се најде на многубројни критики, но и закани по ужасниот натпревар против Тотенхем.

Ловрен пред 10 дена предизвика два гола во натпреварот против „Петлите“, па Клоп одлучи да го замени по само половина час. Меѓутоа, тука проблемите за Ловрен само што започнаа. Хрватскиот играч по мечот се најде на многубројни критики и навреди од навивачите на Ливерпул, а некои си заминаа толку далеку што му се закануваа со смрт за него и неговото семејство.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, голем број на навивачите на тимот од „Енфилд“ одлучија да застанат на страната на 28-годишниот стопер. На социјалните мрежи навивачите на „Црвените“ одлучија да започнат кампања за доделување на наградата за најдобар играч на месецот во Ливерпул на Ловрен.

Имено, навивачите на Ливерпул апелираат до сите свои „колеги“ на официјалната страница на „Црвените“ да гласаат токму за Ловрен, кога станува збор за наградата играч на месецот и на тој начин да му изразат поддршка на фудбалрот поради сето она низ кое поминува овој период.

Изгледа дека одговорот на оваа „акција“ за сега е солиден, со оглед на тоа што Ловрен собра повеќе гласови од Филипе Кутињо и младиот Трент Александер-Арнолд. Сепак, се уште во убедливо водство е одличниот Мухамед Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…