Фудбалерите на Арсенал беа поразени со 1:0 од градскиот ривал Тотенхем и повторно предизвикаа гнев кај своите навивачи.
Арсенал ги доведе Хенрик Михтаријан и Пјер-Емерик Обамејанг, а по победата од 5:1 над Евертон, навивачите веруваа дека конечно дојде времето за враќањето на големата сцена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Набрзо пристигна и студениот туш, со голот на Хари Кејн, Тотенхем славеше со 1:0 и беше многу подобар од Арсенал кој дури во финишот од натпреварот се заиграа, кога Лаказет пропушти голема шанса во 90. минута.
Неговото промашување, но и генерално лошата изведба на Арсенал ги налути навивачите, особено еден кој одлучи малку да се стопли палејќи го дресот на францускиот напаѓач.
One Arsenal fan overacts to Alexandre Lacazette’s miss vs Tottenham ?? pic.twitter.com/1oMHYUbtYx
— 101 Great Goals (@101greatgoals) February 11, 2018