Дома Фудбал Останато ФОТО: Марадона не простува – Агуеро тргнат од семејната фотографија

ФОТО: Марадона не простува – Агуеро тргнат од семејната фотографија

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро во јавноста е познат по своите одлични игри во дресот на клубот од „Етихад“, но и по тоа што некогаш беше во врска со ќерката на легендарниот Диего Марадона.

Агуеро и ќерката на Марадона неколку години беа во љубовна врска, а потоа и се венчаа. Марадона тогаш го фалеше Агуеро на секој чекор, но тоа се промени во 2012. година кога Агуеро побара развод и одлучи да ја напушти својата тогашна сопруга.

Марадона доби внук Бенјамин, но и тоа не му помогна на Агуеро да ги изедначи односите со таткото на својата поранешна сопруга. Легендарниот Марадона воопшто не сака да разговара со Агуеро, а тоа најдобро ја покажува фотографијата на која лицето на Агуеро е обоено со црна боја.

Агуеро повеќе не е на семејните слики кои Марадона ги има во својата куќа. Имено, Марадона на секоја слика на која е Агуеро одлучи со црна боја да го обоја неговото лице.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…