Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид денес го претстави дресот со кој ќе настапува наредната сезона.
Погодувате кој недостасуваше на промовирањето на дресот за наредната сезона – Антоан Гризман! „Јорганџиите“ за манекени ги избраа Саул Нигез, Диего Коста и Лукас Ернандез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изоставувањето на Гризман секако привлече големо внимание бидејќи често пати ваквите промоции биле јасен знак за тоа дали некој играч го напушта или останува во клубот.
Иначе дресот на Атлетико не претрпи големи промени. Боите се стандардните, црвено-бели с сини детали. Штуцните овој пат се црвени, а шорцевите си ја задржаа стандардната сина боја.
Опремата за мадритскиот клуб е дизајнирана од американската компанија „Најк“.
UN SENTIMENT INÉGALABLE. ?⚪?
Voici notre maillot domicile pour la saison prochaine.
➡ https://t.co/PEqesnPwuo#AúpaAtleti pic.twitter.com/2l7TNHTQJ3— Atlético de Madrid (@AtletiFR) May 24, 2018