Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФОТО: Голема промена – Дали е можно вака да изгледа новиот дрес на Хрватска?

ФОТО: Голема промена – Дали е можно вака да изгледа новиот дрес на Хрватска?

Фудбалската репрезентација на Хрватска со нови дресови ќе настапи на Светското првенство во Русија.

Порталот „Footy Headlines“ објави и фотографија од гостинскиот сет, кој прв пат по осамостојувањето ќе биде во црно-сина боја, а дизајнот е идентичен како и за црвено-белата верзија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ракавите на дресовите ќе бидат целосно црни, на едната страна е грбот на Хрватска, а на другата знакот на Најк во портокалева боја. Исто така, штуцните и броевите на дресовите се во портокалова боја.

Целата приказна треба да се стави под знак прашалник, бидејќи Најк и ХНС се уште ништо не потврдија, но и не демантираа дека ова е новиот резервен дрес, меѓутоа она што ќе го објави споменатиот портал на крајот е вистинската работа.

Како ви се допаѓа новиот хрватски дрес? Сличен ваков дрес во минатото имаа Холанѓаните…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шмајхел: Титулата на Европското првенство во 1992 година беше и за Југославија!

Легендарниот дански голман Петар Шмајхел во вториот дел од ексклузивното интервју за видео…