На официјалниот сајт на Рома се појави интересна објава од која можеме да заклучиме дека администраторите на оваа страница по елиминацијата на Барселона станале видовити.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Рома ќе игра во полуфиналето од Лигата на Шампионите и тоа е голем успех за Волчицата, со што го изгубија и умот. Имено, на официјалната страница се појави оцпија дека уште од сега може да се купи карта за реваншот од полуфиналето во ЛШ и тоа против Ливерпул.
Според сликата која се појави на интернет, Волчицата на навивачите им понуди опција да купат карта за натпреварот против Џенова на 18. април, а потоа и за реваншот против Ливерпул? Се разбира, оваа оцпија на сајтот се појави на грешка и по неколку минути беше отстранета, но во модерното време ќе остане засекогаш со оглед на тоа што веднаш беше направен скриншот.
Денеска од 13:00 часот е ждрепката за полуфиналните парови во Нион и ќе се знае дали Волчицата навистина станала видовита откако што ја елиминира Барса.
