Дома Фудбал Англија ФОТО: Азар на Инстаграм ги „пецна“ Мурињо и неговата дружина

ФОТО: Азар на Инстаграм ги „пецна“ Мурињо и неговата дружина

Фудбалерите на Челзи изминатиов викенд го совладаа Манчестер Јунајтед (1:0) во дербито на 11. коло од англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ пред домашните навивачи успеаа да ја прекинат малку послабата форма и со голот на Алваро Мората да дојдат до многу важни три бода. Иако многумина очекуваа на „Стемфорд Бриџ“ да има многу голови, тоа не се случи, но тоа не е изненадување, бидејќи познато е дека Антонио Конте и Жозе Мурињо ја сакаат дефанзивната игра.

Пред почетокот на овој натпревар се случи интересен детал помеѓу Мурињо и Еден Азар. Португалскиот стратег одлучи да се поздрави со својот поранешен играч, а единствено Белгијанецот остана со „кратки раце“. Но, Азар на свој начин одлучи да му одговори на Мурињо и друштвото со провокација на Инстаграм.

„Денешното маркирање на мојата втора работа е само малку полесна отколку што беше против Манчестер Јунајтед“, напиша Белгијанецот.

о

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…