Капитенот на Фиорентина, Давиде Остари почина вчера во хотелската соба пред натпреварот на својот тим против Удинезе.
Астори без знаци на живот бил пронајден од тимскиот масер, а обдукцијата покажа дека 31-годишниот фудбалер починал од срцев удар. Веста за смртта на играчот го потресе целиот фудбалски свет. Од сите страни пристигнуваат изрази на сочувство, а на посебен начин од капитенот се збогуваа навивачите на тимот од Фиренца.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По целиот град и пред стадионот беа оставени транспаренти во негова чест. Тагата во Фиренца, но и ширум Италија е огромна и фудбалот во овој момент на Апенините не е важен. Исто така, од несреќниот фудбалер се збогуваа и навивачите од останатите тимови за кого играше, Рома и Каљари.
Збогум капитену, напишаа навивачите на Виола..