Дома Останати Авто Мото Формула 1 како никогаш до сега: Две трки во две недели во Австрија?

Формула 1 како никогаш до сега: Две трки во две недели во Австрија?

Тимовите од Формула 1 и раководството на шампионатот разгледуваат бројни опции што и како ќе се работи откако сезоната конечно ќе започне.

Хелмут Марко, советник на екипата Ред Бул за медиумите откри дека една од опциите е да се одржат две трки во две недели во Австрија. Датумите би биле 5. и 12. јули.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На трките би можеле да присуствуваат најмногу 2000 луѓе, а на самата стаза и покрај неа би биле само возачите, членовите на тимовите и представници на ФИА.

„Планираме да одржиме две трки во две недели. Првата би била на 5. јули, а другата седум дена подоцна. Тимовите ќе организираат се, по доаѓањето во Австрија секој вработен ќе мора да има негативен тест на коронавирус. Во тек се преговорите со други европски организатори.“ – изјави Марко за OFR.

Инаку, претходно се споменуваше дека слично вакво сценарио можеме да гледаме и во Велика Британија, односно на стазата Силверстоун.

Организаторите и тимовите на сите начини се обидуваат да го надокнадат изгубеното време кога сезоната ќе започне, а ова секако е едена од опциите која може да се спроведе на дело.

Инаку, за сега официјално се уште стои дека првата сезонска трка е онаа во Франција која би требало да се вози на 28. јуни, но постои можност поради коронавирусот да биде одложена како претходните. За сега се одложени вкупно девет трки. Сезоната требаше да започне пред повеќе од еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …