Дома Фудбал Останато Формата е променлива, класата е вечна: Неверојатна одбрана на Касиљас (ВИДЕО)

Формата е променлива, класата е вечна: Неверојатна одбрана на Касиљас (ВИДЕО)

Во големото португалско дерби, Порто синоќа пред домашните навивачи го совлада Спортинг со 2:1 и така се приближи до освојување на титулата.

Порто со оваа победа дојде многу блиску до титулата и до крајот на првенството ќе има се во свои раце. Од другата страна, Спортинг најверојатно се збогуваше од борбата за титулата, а најголемиот „виновник“ за тоа е легендарниот Икер Касиљас кој во последните секунди од натпреварот одбрани зицер на Монтера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогаш најдобрито голман во светот конечно доби шанса повторно да биде меѓу стативите, бидејќи оваа сезона повеќе ја „грееше“ клупата. Касиљас во последните моменти од натпреварот покажа за каков мајстор станува збор. Тој на одличен начин го одбрани ударот на Монтера и му донесе победа на Порто.

Погледот кој го упати играчот на Спортинг по тоа кажува се.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…