Денеска продолжуваат натпреварите од 1. коло во групната фаза на ЛШ, а интересен дуел не очекува во Минхен каде ќе се сретнат актуелниот европски првак и Атлетико.
Тренерот на Баерн, Ханси Флик во најава на натпреварот посебно зборуваше за цврстата одбрана на тимот од Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Атлетико ја има најдобрата одбрана во Европа.“ – рече Флик.
Во одбраната на Атлетико игра и Стефан Савиќ, а Црногорецот знае дека нема да биде лесно да го чува Левандовски.
„Имаме голема мотивација пред стартот на ЛШ. Се надевам дека ќе оствариме добар резултат на почетокот. Ќе биде тешко, но мислам дека сме подготвени и можеме да се носиме со нив. Клучот е да се организираме дефанзивно, да имаме цврстина, а со квалитетот кој го имаме во офанзивата можеме да им направиме проблеми.“ – рече Савиќ.
Савиќ има убави сеќавања од претходните натпревари со Баерн.
„Беше сезона 2015/16, мојата прва во Атлетико. Изгубивме во Минхен во полуфиналето, но дојдовме до финале.“ – додаде Савиќ.