Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Беласица: Оштетени сме во неколку натпревари, посебно во последниот со Ренова

ФК Беласица: Оштетени сме во неколку натпревари, посебно во последниот со Ренова

Струмичка ФК Беласица е незадоволна од досегашното судење во првата македонска фудбалса лига.

Беласица која до натпреварот со Ренова имаше седум порази во седум кола, со Ренова беше блиску до победа, но на крајот гостите успеаа да извлечат бод со гол во последните минути од натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес Беласица излезе со соопштение на социјалните мрежи во кое го истакнуваат своето незадоволство.

Соопштението од Беласица ви го пренесуваме во целост:

„Години наназад ФК Беласица јавно не се произнесува во однос на судиските одлуки, без разлика на нивната природа.

Сепак, овојпат сметаме дека е правилно да отстапиме од долгогодишната пракса и да наведеме неколку работи за делењето на правдата на нашите натпревари сезонава, особено после одлуките на судијата Тафику Ндерим и неговите помошници во саботниот меч против Ренова.

Во основа, уште од старт напоменуваме дека како колектив сме свесни и ги прифаќаме сопствените лоши резултати, а критиките кон судиите немаат за цел да не амнестираат од одговорност.

ФК Беласица според нас беше оштетена во повеќе наврати, но може да го издвоиме мечот од 4то коло на гостински терен против Македонија ЃП, каде што имаше недосуден пенал на активен резултат 2-1, поради игра со рака од страна на фудбалер на домаќините.

Исто така, на натпреварот со ФК Шкендија од 5тото коло на домашен терен, на самиот старт од натпреварот во 3тата минута пред очите на главниот судија во 16никот беше фаулиран Филип Михаилов, а судијата одмавна со рацете и не досуди очигледен прекршок за пенал.

Овие одлуки директно влијаеа на крајниот исход на натпреварите.

Понатаму, конкретно може да се осврнеме на мечот во саботата, којшто најмногу „тежи“ заради загубените 2 бода во последната секунда од дуелот.

Покрај фудбалските елементи, мечот го одбележаа следните настани:

– 20та минута, при резултат 0-0, игра со рака од фудбалер на Ренова, која што го зголемува обемот на телото за блокирање и според сите правила и прописи во фудбалот е пенал и жолт картон;
– 95та минута, при резултат 1-0 и речиси 40 минути играч помалку на Беласица, после исклучувањето на Милушев, досуден пенал за игра со рака од страна на Давид Стојков во нашиот шеснаесетник. За ова би сакале да истакнеме дека при обидот за блок, топката удри во ногата на Стојков, а потоа заврши во неговата рака. Интерпретацијата на судијата дека ова е игра со рака за најстрога казна, во најмала рака е дискутабилна. Земајќи го во предвид блокот прво со нога, играта со рака на нашиот одбранбен фудбалер се смета за ненамерна и според правилата не е пенал;
– во текот на целиот меч, а особено првото полувреме, судијата Ндерим имаше различен критериум при доделувањето на жолтите картони, за на крајот билансот да изнесува: 7 жолти картони за Беласица, од кои 2 за капитенот Милушев што резултираа со негово исклучување, а на другата страна само еден жолт картон за фудбалерите на Ренова.
– исто така, во второто полувреме првиот помошен судија досуди 2 непостоечки офсајди, спречувајќи сериозни акции да го зголемиме водството во 54та и 61ва минута од натпреварот.

Земајќи го во предвид горенаведеното, би сакале да упатиме АПЕЛ до ФФМ да вложат поголем напор и труд со цел да се обезбеди фер и еднаков третман за сите клубови од ПМФЛ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…