„ЕА Спортс“ на официјалниот Твитер профил со видео потврди дека утре на 8-ми јуни ќе биде претставена ФИФА 20 во склоп на „ЕА Плеј“ конференцијата која се одржува овој викенд.
Пред претставувањето на новата ФИФА „ЕА Спортс“ објави низа промени кои планираат да ги воведат во новиот производ. Така на некој начин ги признаа грешките кои ги имаше ФИФА 19.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во ФИФА 20 можеме да очекуваме поинаква ителегенција на одбранбените играчи. Играчите од одбраната нема така често да влегуваат во дуели и блокови, а ќе имаат по бавни реакции. Покрај тоа има и промении во рачното контролирање на играчите. Сето тоа се воведува за играчите да се навикнат се почесто сами да играат одбрана, место да чекаат самите играчи да ја расчистат ситуацијата.
8.6.19 #FIFA20 #EAPLAY ? https://t.co/aHA9Vq8fg6 pic.twitter.com/TEKuEU7ACW
— EA SPORTS FIFA (@EASPORTSFIFA) June 6, 2019
Промени има и во ситуациите „еден на еден“ и тоа во корист на напаѓачите. Голманите ќе останат без неверојатниот рефлекс, а прецизноста на шутирањето ќе се зголеми.
Се воведува и поголема можност за грешка во дриблањето, подобро менување и контролирање на играчот при изведувањето на прекините. Сите тие работи „ЕА Спорт“ не успеа да ги порави во ФИФА 19.
Како и да е останува да видиме што какво ќе биде претставувањето викендов. Конференцијата на претставувањето ќе може да се гледа во живо на официјалните канали на компанијата.