Пред неколку дена ФИФА објави дека има намера натпреварите од Мундијалот во Катар да траат 100 минути за да се надополни „мртвото“ време кое се губи во текот на натпреварот.
Спроведените истражувања покажале дека во 90 минути има само нешто повеќе од 50 минути активна игра и наводно ФИФА барала решение. Сепак, набрзо по објавувањето на оваа вест стигна демант од Светската фудбалска организација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Откако се објави шпекулацијата, ФИФА сака да поврди дека сигурно нема да има промени на правилата на Светското првенство во Катар или пак на било кое друго натпреварување“, стои во дел од соопштението.
Инаку, во Катар ќе биде воведена технологија со која побрзо би се детектирал офсајдот, побрзо отколку што е случај со ВАР системот.