Дома Фудбал Англија ФИФА започна истрага за трансферот на Погба!

ФИФА започна истрага за трансферот на Погба!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори истрага по повод трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Францускиот репрезентативец минатото лето, се врати на „Олд Трафорд“ за рекорден трансфер, кој изнесуваше 106 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Агенцијата АФП пишува дека ФИФА истрагата ја започнала поради наводен конфликт на интереси, на фудбалскиот менаџер Мино Раиола.

Раиола ги застапува Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Мхитаријан, двајца играчи кои исто така минатото лето се преселија на „Олд Трафорд“.

Погба во Јунајтед има неделна плата од 165.000 фунти, а на почетокот на 2018 година ќе добие дополнителни 3,4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо бил „уловен“ во Зеница, не можел да заспие цела ноќ!

Иако пред новинарите изгледаше самоуверено за учество на Светското првенство, селекторот н…