Дома Трансфер зона Фирмињо на продажба, Јувентус спрема понуда

Фирмињо на продажба, Јувентус спрема понуда

Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата голема ѕвезда, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


30-годишниот Бразилец влезе во последната година од договорот со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.

Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим, а после доаѓањето на Дарвин Нуњес јасно е дека за него повеќе нема место во тимот.

Со оглед на падот на неговата форма и краткиот договор со Ливерпул, „црвените“ сметаат дека сега е вистинско време за продажба и му поставиле цена од 20 милиони фунти.

За Фирмињо интерес покажуваат неколку европски гиганти, а најсилен е интересот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…