Дома Фудбал Англија Фирмино ја загреа ситуацијата околу Кутињо и навивачите на Ливерпул

Фирмино ја загреа ситуацијата околу Кутињо и навивачите на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул вчера го совладаа Вест Хем со 4:1 во рамките на 11. коло од англиската Премиер лига.

„Црвените“ одиграа многу добар натпревар во Лондон и со три бода се враќаат дома. Јирген Клоп и на овој натпревар не можеше да смета на Филипе Кутињо кој наводно има проблем со повреди. Меѓутоа, по изјавата на Роберто Фирмино многумина сметаат дали Кутињо е навистина повреден.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Фирмино имаше голема доза на лутина на теренот, бидејќи германскиот стратег одлучи да го извади од игра во второто полувреме и не беше расположен за изјава по натпреварот. Сепак, бразилскиот играч успеа да ја загрее атмосферата во екипата со изјава дека Кутињо нема да игра уште некое време, но дека ќе биде подготвен за натпреварите во репрезентацијата на Бразил.

Познато е дека Кутињо на ист начин го пропушти почетокот на сезоната , а подоцна настапи во дресот на Бразил. Навивачите на „Црвените“ сметаат дека ова е уште еден обид на Кутињо што побрзо да ги убеди лидерите на Ливерпул да го пуштат во јануари да си замине во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…