Дома Топ вести Финансиска „инјекција“ за клубовите: Примера продаде акции за 2,7 милијарди

Финансиска „инјекција“ за клубовите: Примера продаде акции за 2,7 милијарди

Шпанската Ла Лига постигна важен договор кој и гарантира финансиска инјекција вредна 2,7 милијарди евра, сума која ќе биде инвестирана во самото првенство, а дел распределена на сите клубови.

Сите детали се веќе договорени, а се очекува само истиот да биде изгласан од Собранието на ЛаЛига, со што секој од клубовите во елитното шпанско фудбалско друштво ќе добие значителна сума со која ќе си ги намали финансиските проблеми.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Шпанија од поодамна парите од ТВ-правата не се делат еднакво, па така Барселона ќе добие најмногу, дури 270 милиони евра, додека Реал Мадрид е втор на оваа листа со 261 милион евра.

Според договорот и Барселона и Реал Мадрид ќе имаат право да искористат само 15 проценти од овие пари за трансфери, односно каталонскиот тим ќе може да потроши 40.5 милиони, додека „кралскиот клуб“ има право да потроши 39 милиони евра.

Ваквиот развој на настаните конечно ќе го реши проблемот на Барселона со обезбедување на буџет за платата на Лео Меси. Што се однесува до Реал Мадрид, шпанските медиуми најавуваат дека Флорентино Перез ќе го искористи ова за да го доведе Килијан Мбапе на „Санијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Со Флик забавата во Барса е загарантирана, но мора да се освојуваат и трофеи!

Ханзи Флик не отстапува од својата филозофија и тоа носи резултати. Барселона ја победи Бо…