Фудбалерите од Кајзерслаутерн се првите финалисти на овосезонското издание на Купот на Германија.
Тие во полуфиналето го совладаа третолигашот Сарбрукен со 2:0 на гости. Стрелци за Кајзерслаутерн беа Ритер (53) и Туре (75).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Кајзерслаутерн, која сезонава се бори за останување во втората лига, ќе има прилика на 25 мај да освои трофеј, кога ќе има подобар противник од второто полуфинале во кое ќе се сретнат Баер Леверкузен и второлигашот Фортуна од Дизелдорф.
Кајзерслаутерн до сега два пати го освојуваше Купот на Германија, првиот пат во 1990 година, а вториот во 1996 година, додека последен пат во финалето играа во 2003 година, кога загубија од Баерн.