Дома Фудбал Останато Филмска приказна: Во соба се уште му стои постерот од Роналдо, а до скоро славеше петки во школо!

Филмска приказна: Во соба се уште му стои постерот од Роналдо, а до скоро славеше петки во школо!

Призназната за Килијан Мбапе е навистина неверојатна и по сите елементи заслужува да се нарече „филмска“ бидејќи она што му се случи во изминатата година е одлично сценарио за спортска драма.

Во само 12 месеци од целосен анонимец стана планетарна ѕвезда. Стана шампион на Франција, играше полуфинале во ЛШ, ја освои наградата за најдобар млад фудбалер, а пред неколку месеци стана најскапиот тинејџер на светот откако премина во ПСЖ за неверојатни 180 милиони евра.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Денес е заштитно лице на францускиот фудбал, стандарден чен на француската репрезентација и новиот најдобар „френд“ на Нејмар.

Филмската призна на Мбапе започна во париското предградие Бондиј, односно во истоимениот клуб во кој малиот Килиан ги направи првите чекори. Овој клуб денес настапува во десетиот ранг на францускиот фудбал, но стана популарен благодарение на најскапиот тинејџер.

Еден од луѓето кои се грижат за младинците во овој клуб е и таткото на Мбапе, Вилфред кој во клубот вршен неколку работи, од тренер па до спортски директор.

„Килијан често доаѓаше со татко му во клубот додека беше дете, па дури и како бебе учеше фудбал. Му бев тренер во У-13 тимот, но прв пат го забележав уште кога имаше шест години. Штом ќе го видите со топката, јасно ви е дека поинаков од другите деца“, открива неговиот бивши тренер Антонио Рикарди.

„Роден е за овој спорт, неговиот татко работеше во клубот до пред три месеци, а мајка му беше многу талентирана ракометарка. Поради тоа нејзиното влијание за неговата спортска кариера е многу важно“.

„Јас му бев и тренер и дадилка додека беше мал. Килијан по 24 часа го интересираше само фудбал. Во дневната собра правевме терен и игравме фудбал додека мајкаму не доаѓаше по него“, раскажува Рикарди.

Од 12-та од 15-та година се сели во славната фудбалска академија „Клерфонтејн“.

„Останатите играчи кога ќе дојдат во Клерфонтејн мислат дека успеале, но вистината е дека дури тогаш почнува макотрпна работа. Килијан тоа го знаеше и затоа е таму каде што е. Не му е важно за кого и против кого игра. Сега да дојде во овој клуб ќе го облече дресот и ќе игра, иако вреди 180 милиони“.

„Собата му беше целата со постери од Кристиано Роналдо, но му е тој единствен идол. Сепак може да се каже дека го одбележа неговото детство“, тврди тренерот Рикарди и додава:

„Млад е, но има зрелост на 40-годишен човек.Поштен е и полн со респект према другите луѓе. Можеби затоа толку многу луѓето го сакаат“.

Денес тоа дете од париското предградие е стандарден француски репрезентативец, актуелен француски шампион, најдобар фудбалер во Лига 1 и нова светска фудбалска ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик за поразот на Барселона: Не беше проблем само одбраната

Екипата на Барселона беше поразена од Лас Палмас на домашен терен и сега Реал Мадрид има п…