Дома Останати Авто Мото Ферстапен убедливо најплатен во Формула 1, заработува 20 милиони евра повеќе од Хамилтон

Ферстапен убедливо најплатен во Формула 1, заработува 20 милиони евра повеќе од Хамилтон

Tрикратниот светски шампион Макс Ферстапен оваа сезона доминираше со неговиот Ред Бул и титулата ја обезбеди неколку трки пред крајот на сезоната.

Како награда за одличното возење има и најголема плата во Формула 1. Ферстапен заработува 55 милиони долари основна плата и далеку на втората позиција зад него седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон со 35 милиони долари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зад нив во топ пет се уште Шарл Леклер, потоа Ландо Норис и Фернандо Алонсо. Вториот возач на Ферари Карлос Саинц добива двојно помалку од Леклер односно 12 милиони долари.

Во топ 10 се уште: Серхио Перез и Валтери Ботас со по 10 милиони долари, Џорџ Расел добива осум милиони, а Естебан Окон околу шест милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …