Репрезентацијата на Шпанија одигра доста слабо во групната фаза против Португалија, Мароко и Иран, но заврши на првото место и се пласира во осминафиналето.
Шпанците синоќа според некои калкулации можеа и да испаднат, но на крајот извлекоа еден бод против Мароко кој одигра фантастичен натпревар и според многумина заслужи три бода. На крајот натпреварот заврши 2:2, а по натпреварот селекторот на Црвената фурија Фернандо Јеро не го криеше незадоволството.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Знаевме дека во овие три натпревари мораше да покажеме многу. Но, ова не е начин, не смееме да му дозволиме на противникот толку шанси. Ако сакаме да сме таму каде сонуваме, мора да ги поправиме овие детали и да бидеме самокритични.“ – изјави Јеро.
Да потсетиме, Шпанија во осминафиналето ќе игра против Русија, додека Португалија ќе се сретне со Уругвај.