Дома Фудбал Англија Фергусон му додели награда на Гвардиола: Ова боли, навистина боли…🎥

Фергусон му додели награда на Гвардиола: Ова боли, навистина боли…🎥

Како и секогаш по крајот на сезоната се доделуваат наградите за најдобрите во Премиер лигата, а во нив издоминира Манчестер Сити кој и оваа сезона ја освои шампионската титула.

Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, додека Гвардиола за менаџер на сезоната. Наградата за најдобар тренер во сезоната го носи името „Сер Алекс Фергусон“, а легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед лично ја прочита.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Манчестер Сити и Пеп Гвардиола. Ова боли, навистина боли, но е заслужено. Тој создаде тим кој се подобрува, тоа што освои три титули во низа најдобра ја опишува ситуацијата. Перформансите на Манчестер Сити во финишот од сезоната беа нешто посебно, покажаа дека се светска класа“, изјави Фергусон.

Потоа зборуваше Гвардиола.

„Сакам да им честитам и на другите менаџери кои беа номинирани, сите имаа одлична сезона. Оваа награда не значи дека сте најдобар, значи дека сте победиле. Јас водам неверојатен фудбалски клуб и имам поддршка од сите, без нив ова немаше да биде можно. Сакам да испратам благодарност дос сите ирачи оваа сезона“, изјави шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…