Дома Фудбал Италија „Феноменот“ Роналдо: Во Интер се сите луди!

„Феноменот“ Роналдо: Во Интер се сите луди!

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња Луис Назарио да Лима Роналдо говореше за ситуацијата во својот поранешен клуб Интер, како и за моменталната ситуација во Серија А.

Роналдо вели дека во Интер сите се „луди“ бидејќи не знаат добро да ја проценат ситуацијата и да се вратат на стариот пат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Зошто Интер заостанува? Затоа што се луди. Мораат внатре во клубот подобро да ги проценуваат работите, оваа сезона изгледаше како добра, но Интер повторно падна. Тешко дека во скоро време ќе го освојат Скудетото, но враќањето во Лига на шампиони е реално“, изјави Роналдо.

„Денес дуелот Наполи и Јувентус е како Барселона и Реал Мадрид во мое време. Не знам како ќе заврши трката, но би сакал Наполи да ја прекине доминацијата на Јувентус. Ако не биде Јуве шампион тоа ќе биде добро за целиот италијански фудбал, бидејќи е досадно само тие да се шампиони“, изјави „Феноменот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…