Дома Трансфер зона Феликс доби шлаканица од Чави

Феликс доби шлаканица од Чави

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс го предизвика гневот на навивачите на Атлетико Мадрид со признанието дека сака да игра за Барселона и се надева дека трансферот е можен до крајот на летниот преоден рок.

Додека Феликс се надева дека Барса ќе испрати понуда за него , пристигнаа лоши вести кои го направија таквиот исход речиси невозможна мисија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жоао Феликс по шестмесечната позајмица во Челзи се врати во Атлетико Мадрид, кој на крајот не сакаше да го откупи неговиот договор, иако Португалецот со сите сили се обидуваше да го оствари тоа.

Беше јасно дека Феликс не сака да се врати во Атлетико, но и тие не го сакаа баш во тој клуб. Неговиот број седум веќе му го дадоа на Антоан Гризман, додека Диего Симеоне на почетокот на подготовките му порача дека нема да смета на него.

Шпанските медиуми со денови пишуваат дека Барселона навистина се обидува да го доведе Феликс и дека преговара со Атлетико Мадрид за позајмица со задолжителен откуп на договорот.

Исто така, Феликс преку својот агент им порача на Каталонците дека е подготвен да ги чека онолку колку што е потребно и дека во предвид доаѓа само да замине од Атлетико и дека воопшто не го интересираат долгорочни договори.

Сепак, се чини дека за Феликс од каталонскиот клуб пристигна ладен туш. Мундо Депортиво објави дека Чави разговарал со Деко за доаѓањето на Португалецот и го дал своето искрено мислење за сето тоа.

Чави му порачал на Деко дека не го гледа вистинското место во формацијата на Барселона за Феликс и дека Португалецот моментално воопшто не се вклопува во неговите планови и дека доаѓањето на младиот напаѓач би било сосема непотребно.

Тренерот на Барселона смета дека моментално нема место за Феликс во играчкиот кадар и дека има доволно опции во офанзивата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …