Изгледа дека Диего Симеоне за првпат во Атлетико се наоѓа во еден комплициран период во кој нема целосна контрола над соблекувалната.
Дел од фудбалерите не се задоволни со неговите потези, а и резултатите не се такви какви што посакуваат фановите. На последната прес-конфереција Симеоне го нападна Жоао Феликс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Португалецот преходно изјави дека „знае што е проблемот, но сега не сака да зборувса на таа тема“. Ова го испровоцирало стратегот на Атлетико.
„Ако знае во што е проблемот нека ни каже. Кога ќе го видите повторно прашајте го. Не знам зошто избегнал да одговори. Не сакам сега да влегувам во таква полемика, имам свој начин на работа со екипата. Кога некој ќе види проблем треба јасно да го каже“, изјави Симоене.