Дома Трансфер зона Феликс јавно ја советува Барселона: Доведете го, постојано ме прашува за градот и клубот

Феликс јавно ја советува Барселона: Доведете го, постојано ме прашува за градот и клубот

Жоао Феликс се уште не знае дали следната сезона ќе игра за Барселона, но порача дека неговиот пријател Бернардо Силва сака да го носи каталонскиот дрес.

Португалецот му гостуваше на новинарот Жерар Ромеро, а на прашањето што би направил доколку еден ден биде во улогата на спортски директор на Деко, Феликс одговори дека ќе го доведе Бернардо Силва.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би го донел Бернардо Силва, веќе им кажав на луѓето во Барселона – донесете го. Тој е многу добар играч, а како личност е уште подобар. Постојано ме прашува за Барселона, исто така има семејство овде. Ме прашува како е во градот, верувам одлично ќе се вклопи во Барселона. Ако сум на местото на Деко веднаш би го довел“, изјави Феликс.

Доби прашање Феликс и за „десетката“ во Барселона.

“Носењето на дресот со број 10 во Барселона со себе носи огромна одговорност. Отсекогаш ми бил омилен број, иако никогаш не сум имал можност да го носам. Ќе видиме што ќе се случи ако останам”, изјави Феликс.

Да потсетиме, каталонските медиуми деновиве пишуваат дека Силва има договор со Сити да го пушти во Барселона на лето за сума од околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…