Ѕвездата на Лион, Набил Фекир има желба да го напушти клубот ова лето, но се уште не пристигнале понуди за него, откри претседателот на Лион, Жан Мишел Ола.
Минатото лето Фекир беше на чекор од трансфер на „Енфилд“, но Ливерпул во последен момент се предомисли, наводно поради неговата здравствена состојба, па трансферот пропадна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последно време повторно се шпекулира со интерес за Фекир од страна на англиските клубови, но до сега никој не испратил понуда.
„Фекир не извести дека сака да замине. Ние сме отворени за преговори, но се уште нема понуди. Чекаме понуди од заинтересираните клубови“, изјави Ола.
Фекир беше дел од репрезентацијата на Франција која стана светски шампион и одигра солидна сезона во Лион на која постигна 12 гола и запиша 9 асистенции.
Nabil Fekir for £26.7m and £70,000 a week as reported would be a bargain for #LFC. Dodgy knee or no dodgy knee. pic.twitter.com/KWjRcV9wAW
— Jack Lusby (@jacklusby_) June 13, 2019