Дома Фудбал Гол на сезоната во Шпанија: Прими топка на 45 метри, направи слалом и на крај го понижи голманот!

Гол на сезоната во Шпанија: Прими топка на 45 метри, направи слалом и на крај го понижи голманот!

Набил Фекир го постигна најубавиот погодок во досегашниот дел од сезоната во Примера.

Фудбалерот на Бетис на натпреварот против Леванте прими топка на 45 метри, нанижа неколку противници и на крајот ја затресе мрежата.

Фекир едноставно беше незадржлив за своите противници, а голот го постигна на начин кој е најболен за голманите.

Инаку, Бетис овој натпревар го доби со 2:0, а нашиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар за гостинската екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…