Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер денеска најави дека планира следната година да игра на Ронал Гарос.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Ќе играм на Ролан Гарос, но веројатно нема многу да играм пред тоа. Потребно ми е малку повеќе време со семејството, потребен ми е одмор, празници… Особено ако играм и на Олимписките игри“, изјави Федерер.
Федерер не играше на Отвореното првенство во Франција од 2016. до 2019. година, а оваа година стигна до полуфиналето, каде што загуби од Шпанецот, Рафаел Надал. Швајцарецот во својата богата кариера Ронал Гарос го освои само еднаш – 2009. година.