Дома Тенис Федерер стигна до 98 АТП титула и повторно е број еден!

Федерер стигна до 98 АТП титула и повторно е број еден!

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер денес стигна до нова АТП титула.

Федерер од денес повторно е најдобар тенисер во светот откако во Штудгарт стигна до 98 АТП титула и 18 на трева.

Тој за еден час и 19 минути игра го победи Канаѓанецот, Милош Раониќ со 6:4 и 7:6.

За Швајцарецот ова беше прв турнир после шокантниот пораз од Кокианакис во Мајами, а со 250 бодови се враќа на првото место на АТП листата пред Рафаел Надал.

Во 2018 година Федерер оствари 21 победа на 23 меча, а против Раониќ славеше на 11 од вкупно 14 меѓусебни дуели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…