Дома Фудбал Англија ФА ја одреди суспензијата за Мане, Ливерпул најави жалба

ФА ја одреди суспензијата за Мане, Ливерпул најави жалба

Познат епилогот од црвениот картон кој Саидо Мане го заработи на „Итихад“.

Фудбалерот на Ливерпул заработи суспензија од три натпревари поради исклучувањето во натпреварот од Премиер лигата против Манчестер Сити, но од Ливерпул одлучија да приложат жалба.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Мане заработи црвен картон после судирот со голманот Едерсон кој во таа ситуација заработи и повреда, па мораше да биде заменет.

Од Ливерпул на крајот прифатија дека тоа бил старт за црвен картон, но веруваат дека суспензијата на Мане може да биде намалена на еден или два натпревари.

Конечната одлука за жалбата на Ливерпул ќе биде донесената во текот на утрешниот ден, а за сега е сигурно дека Мане го пропушти наредниот натпревар во Премиер лигата кој Ливерпул ќе го игра против Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еди Хау нема да се врати толку брзо: Њукасл без главниот тренер и во наредните два натпревари

Англискиот прволигаш Њукасл Јунајтед објави дека нивниот менаџер Еди Хау (47) се опоравува…