Дома Фудбал Англија ФА не простува, стигна казната за Трој Дини!

ФА не простува, стигна казната за Трој Дини!

Вотфорд изминатиот викенд беше поразен на домашен терен од Стоук во мечот од десеттото коло од Премиер лигата.

Овој натпревар го одбележа судирот помеѓу Тој Дини и играчот за врска на гостите Џо Ален. Она што ја згрози англиската јавност е моментот кога Дини физички посегна по Ален, што главниот арбитар на овој меч не го виде бидејќи на обајцата им покажа жолт картон.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако Дини веруваше дека се извлече со јавна опомена, денес го доби она што го заслужи. ФА одма по мечот покрена истрага против напаѓачот на Вотфорд, тоа денес беше објавено, дека е санкциониран за насилно однесување.

Дини со самото тоа е суспендиран на три меча, па ќе ги пропушти натпреварите со Евертон, Вест Хем и Њукасл. Вотфорд има шанса да се жали на оваа одлука од утре, но тешко дека ќе успее да ја намали суспензијата за овој напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…