Ракометното Европско првенство кое наредната година ќе се одржи во Германија може да биде историско затоа што пред пласман на овој турнир е репрезентацијата на Фарски Острови.
Фарски Острови со втората победа против Украина од 33:26 дојдоа на чекор од пласман на ЕП. Претходно беа подобри од Романија и сега имаат големи шанси да се најдат помеѓу најдобрите четири третопласирани репрезентации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во групата на Фарски Острови прва е Австрија, а тие го делат второто место со Романија која има подобар скор во меѓусебните дуели. Во последното коло тие ќе гостуваат на Австрија, додека Романија гостува кај Украина.
Фарски Острови би останале без пласман на ЕП само ако Украина ја победи Романија со повеќе од осум гола разлика, такво нешто би било еднакво на светско чудо.