Дома Фудбал Фантастични вести – Тренерот на Севиља успешно опериран!

Фантастични вести – Тренерот на Севиља успешно опериран!

На стратегот на Севиља денес му беше извршен хируршки зафат поради ракот на простата.

Фудбалскиот свет беше шокиран кога во медиумите после дуелот помеѓу Севиља и Ливерпул  во Лигата на шампионите во медиумите се појави ужасната вест за тренерот на шпанскиот клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Севиља на „Санчез Писхуан“ го пречека Ливерпул, Шпанците губеа со 3:0 на полувремето, а потоа во вторите 45 минути успеаа да стигнат до бод.

Веднаш по натпреварот се појави вест дека Берицо на полувремето на своите фудбалери им соопштил дека боледува од рак на простата.

Сега од Севиља пренесуваат дека врз Берицо била извршена успешна операција и дека во наредните неколку дена ќе биде познато колку долго ќе трае неговото опоравување.

„Попладнево нашиот тренер, Едуадо Берицо е успешно опериран од неодамна откриениот рак на простата. Периодот на неговото опоравување ќе завиди од неговиот напредок во наредните денови“, стои во соопштението од Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност …