Дома Топ вести Фантастични вести за Каталонците – Големото засилување спремно за „Ел Класико“?

Фантастични вести за Каталонците – Големото засилување спремно за „Ел Класико“?

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле би можел да се врати на теренот побрзо од очекуваното.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дембеле во Барселона пристигна ова лето од Борусија за 105 милиони евра во трансфер кој благодарение на бонусите ќе достигне сума од 140 милиони евра, но немаше среќа на почетокот на својата авантура на „Ноу Камп“ со оглед дека на еден од своите први натпревари доживеа тешка повреда.

Првите проценки беа дека Дембеле ќе паузира четири месеци и дека ќе се врати после Нова година, но последните информации говорат дека опоравувањето на Французинот оди сосема добро и дека реални се шансите да се врати неколку недели порано од предвиденото.

Би можело да се случи Осман Дембеле да биде спремен за првото „Ел Класико“ оваа сезона кое е закажано за 22 декември што секако е одлична вест за Валверде и сите навивачи на каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…