Дома Останати Тенис Фантастичниот Синер го „разби“ Фриц и го освои УС Опен

Фантастичниот Синер го „разби“ Фриц и го освои УС Опен

Jaник Синер со доминантна игра во финалето го победи Тејлор Фриц со 3:0 во сетови (6:3, 6:4, 7:5) за два часа и 17 минути и така дојде до својот втор грен-слем трофеј сезоната.

На САД Опен Синер стигна по допинг скандалот, но на теренот покажа дека тоа не оставило трага на неговата психа. Преку целиот турнир изгледаше максимално фокусирано и не дозволи да биде изненаден.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Во финалето Синер уште на стартот направи брејк, меѓутоа Фриц брзо врати и го одзема сервисот на Италијанецот за 2:2. Сепак, во продолжение од сетот Синер беше многу подобар и поведе со 1:0.

Во вториот сет не видовме брејк до последниот гем кога Синер го освои клучниот сет за водство од 2:0.

Не се откажува Фриц и во седмиот гем направи брејк за 4:3, па пр 5:4 сервираше за да го освои првиот сет во мечот. Синер тогаш освои три гема во низа и стави точка на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ваква изјава од Ѓоковиќ никој не очекуваше: Српскиот тенис е мртов!

Откако неодамна сега веќе поранешниот српски селектор, Светислав Пешиќ зборуваше за услови…