Полицијата на грчкиот остров Миконос со лисици на рацете го привела стоперот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер.
Мегваер на островот се забавувал заедно со пријателите и имал жесток расправа со друг Британец па полицијата морала да интервенира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Граѓаните кои живеат на местото каде што тоа се случувало ја известиле полицијата за инцидентот половина час после полноќ во четвртокот.
Кога полицијата интервенирала да спречи поголем проблем, три лица вербално, а потоа и физички ги нападнале органите за спроведување на редот и мирот. Полицијата привела три лица, а помеѓу нив бил и Мегваер.
Во полициската станива тројцата осомничени за инцидентот продолжиле да провоцираат поради што морале да бидат уапсени.
Повеќе информации се очекуваат во текот на наредниот ден.