Дома Трансфер зона Уште една ѕвезда на Фиорентина се сели во Јувентус

Уште една ѕвезда на Фиорентина се сели во Јувентус

Примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој на лето сигурно ќе ја промени средината.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Јувентус веќе започнал преговори со неговиот агент.

Србинот има понуди од неколку англиски клубови, но тој сака да остане во Италија и да се пресели во Јувентус.

Фиорентина за неговата слобода бара 15 милиони евра, што нема да биде проблем за „бјанконерите“.

Ова значи дека после Киеза и Влаховиќ, уште една ѕвезда на Фиорентина ќе се пресели во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…