Дома Фудбал Останато Уште една ГОЛЕМА ѕвезда си заминува во пензија: Уживам, но време е…

Уште една ГОЛЕМА ѕвезда си заминува во пензија: Уживам, но време е…

Легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба во неделата наполни 40 години, а истиот ден и соопшти дека ќе ја заврши својата богата кариера, која започна 1998. година во францускиот Ле Ман.

Дрогба во својата кариера играше за Ле Ман, Гингамп, Марсеј, Челзи, Шангај Шенуа, Галатасарај, Монтреал Импакт, а сега е член на Финикс Рајсингс, тим кој се натпреварува во УСЛ шампионатот во САД и е второто по ранг натпреварување, веднаш по МЛС шампионатот. Вреди да се напомене дека Дрогба е еден од сопствениците во тимот каде што сега настапува.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„За мене навистина е уживање што играм и понатаму. Улогата сопственик-играч многу ми се допаѓа, опкружен сум со многу млади фудбалери и мило ми е што можам да им го пренесам моето знаење. Но, ова сезона е последна. Имам 40 години, така да време е“, изјави Дидие Дрогба.

Дидие Дроба во кариерата постигна повеќе од 150 гола во дресот на Челзи, со „Сините“ четири пати беше шампион во Премиер лигата, има исто толку трофеи во ФА Купот, три Лига Купа, два Комјунити Шилдс, како и Лига на Шампиони. Со Галатасарај го освои првенството, Купот и Суперкупот на Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди Мбапе

РЕАЛ МАДРИД ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 н…