Дома Фудбал Репрезентации Уште еден хрватски фудбалер од златната генерација се прости од репрезентацијата

Уште еден хрватски фудбалер од златната генерација се прости од репрезентацијата

Уште еден важен член од генерацијата на Хрватска кој го постигна најголемиот репрезентативен успех освојувајќи сребро на Мундијалот во Русија во 2018 и бронза четири години подоцна во Катар стави крај на репрезентативната кариера.

Дресот на репрезентацијата на Хрватска повеќе нема да го носи Марсело Брозовиќ. Фудбалерот од средниот ред повеќе нема да биде на располагање на селекторот Златко Далиќ и местото ќе го отстапи на помладите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Фудбалерот кој го носи дресот на Ал Наср за Хрватска собра 99 настапи во кои постигна седум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…