Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е познат како многу способен деловен човек, а неговиот последен потег е уште еден доказ за тоа.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Перез се договорил за соработка со компенијата „Легендс“ од САД која се занимава со организација на спортски настани. Според информациите договорена е соработка на дури 25 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целата зделка вреди неверојатни 10 милијарди евра, односно 400 милиони евра секоја година. Компанијата со овој договор има право наредните 25 години да одржува разни настани на „Сантијаго Бернабеу“.
Оваа компанија има акции во НБА тимот на Сан Антонио Спарс, бејбол тимот на Њујорк Џенкис и НФЛ екипата на Далас Каубојс па така европската публика ќе може наскјоро да ги гледа овие екипи, но и други тимови од различни спортови.
Освен со спортските настани компанијата се занимава со организирање на музички концерти и конференции.