Лионел Меси со своите настапи испишуваше фудбалската историја, а по успехот со репрезентацијата успеа да стане идол и во Аргентина. Многумина го гледаа како наследник на Диего Марадона, но често добиваше и критики секој лош настап во репрезентативниот дрес.
Сепак, работите значително се сменија со освојувањето на Копа Америка, а навивачите ширум Аргентина веруваат дека Меси може да ги одведе „Гаучосите“ до трофејот на претстојното Светско првенство во Катар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пабло Жирал е новинар на „Directv Sports“ кој го интервјуираше Лео Меси, а неговото интервју стана популарно поради емотивниот момент кој се случи. Жирал беше толку воодушевен што дури и заплака.
„Единствено што сакам за тебе е да бидеш среќен, го заслужуваш тоа. Толку ти се восхитувам, обожавател сум ти, цел живот сонував за ваков момент, но никогаш не помислив дека би ја имал таа среќа да бидам до тебе и да разговараме“, зборуваше расплаканиот новинар.
Agradecido con la vida de poder haber cumplido uno de mis máximos sueños.
— Pablo Giralt (@giraltpablo) October 21, 2022
Gracias Leo por tu calidez y sencillez.
Sos muy grande.
Y gracias a todos los que se emocionaron igual que yo y me acompañaron en este maravilloso viaje.
Te quiero, Leo!
❤️🙏🙌❤️ pic.twitter.com/Nd6tUsXkdD
„Ви благодарам од се срце“, вели Жирал, а потоа следуваше реакцијата на Меси.
„Ви благодарам, ме прави среќен што можам да допрам до вакви луѓе. Знам дека има многу луѓе во Аргентина и воопшто во светот кои отсекогаш ме следеле, ми се восхитувале, и поради фудбалот и поради тоа што сум како личност. Благодарен сум за сета наклонетост што ја добив во текот на мојата кариера“.
Пабло Жирал беше еден од аргентинските новинари кои ја „следеа“ кариерата на Лео Меси. Тој се наврати на својот прв натпревар за аргентинската репрезентација и оттогаш остана голем фан на играчот кој испиша историја.