Дома Видео Урнебесно: Тренерот на Дортмунд не знаеше колку голови постигнал Халанд

Урнебесно: Тренерот на Дортмунд не знаеше колку голови постигнал Халанд

Борусија Дортмунд во гости ја победи Херта со 2:5, а главен актер на натпреварот беше Ерлинг Халанд.

Норвежанецот во второто полувреме од 47. до 79. минута постигна четири погодоци и уште еднаш потврди дека е вистинска гол машина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лусиен Фавре својот најдобар играч од игра го извади во 85. минута, а во таа прилика Халанд мораше да му објаснува колку голови постигнал.

„Да бидам искрен, тренерот ме праша колку голови постигнав. Тој не знаеше. Ме праша дали постигнав три гола, а јас му одговорив: ‘Само четири, бидејќи ме замени.’“ – објасни Халанд после натпреварот.

Оваа сезона Халанд во сите натпреварувања постигна 15 погодоци, од кои 10 постигна во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…