Дома Фудбал Останато Унаи Емери со изјава во врска со повредата на Нејмар ги израдува навивачите на ПСЖ

Унаи Емери со изјава во врска со повредата на Нејмар ги израдува навивачите на ПСЖ

Навивачите на ПСЖ можат да „спијат мирно“, Нејмар не е тешко повреден и ќе биде подговен за натпреварот со Реал Мадрид.

ПСЖ синоќа во дербито од 28. коло на француската Лига 1 го совлада Марсеј со 3:0, а Нејмар по една повреда на носилки го напушти теренот. На прв поглед се чинеше дека станува збор за тешка повреда и постоеше страв кај навивачите на францускиот клуб дека Бразилецот ќе паузира подолго време и дека ќе го пропушти натпреварот против Реал во осминафиналето од ЛШ, но наскоро следуваа добри вести.

„Нејмар ќе биде во можност да им помогне на соиграчите, нема потреба да се грижеме“, изјави тренерот на ПСЖ, Унаи Емери.

Тиаго Силва, стоперот на ПСЖ, исто така смета дека Нејмар ќе игра против Реал, но факт е дека ќе го пропушти дуелот со Марсеј во Купот оваа среда. Дуелот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид (1:3) се игра за девет дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчини незадоволен од ремито со Франција

Роберто Манчини изрази незадоволство по ремито на Италија против Франција, иако многумина …