Дома Фудбал Останато Ужас: Фудбалер убиен во родниот град, неодамна играше против Меси

Ужас: Фудбалер убиен во родниот град, неодамна играше против Меси

Репрезентативецот на Панама, Жилберто Хернандез (26) е убиен во пукотници кои во текот на вчерашниот ден се случиле во провинцијата Колон во Панама.

Како што пренесуваат медиумите двајцата напаѓачи излегле од такси и почнале да пукаат во група луѓе каде што бил и дефанзивецот на Атлетико Индепендиенте. Осум лица беа ранети, а Хернандез за жал им подлегна на повредите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Хернандез има 26 години и за репрезентацијата на Панама дебитираше во март оваа година против Гватемала. Нешто подоцна имаше прилика да заигра и против актуелниот светски шампион, Аргентина и Лионел Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јануарско засилување за титулата: Гвардиола нуди играч и пари за ѕвезда од Премиерлигата

Манчестер Сити наводно планира сензационален потег кој би можел да му помогне во борбата з…