Лондонски Арсенал припреми незгодно изненадување за навивачите за наредната сезона.
Познатиот портал, Footy Headlines, кој ги има сите ексклузи кога се во прашање новите дресови на екипите ширум светот, го објави изгледот на третиот дрес на Арсенал за следната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Судејќи по коментарите на навивачите на Арсенал, Пума го направи најгрдиот дрес во историјата на клубот. Се работи за дресовите со зелена боја со сино линии на ракавите.
Исто така, слична ќе биде и опремата за тренинг. Покрај зелената боја, половина од дресот е со сина боја и прашање е колку ова ќе им се допадне на раководството на клубот.