Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го казни Фудбалскиот сојуз на Швајцарија со 92.000 евра поради знамето на УЧК поставено на трибините во текот на еден од натпреварите.
Според информациите, навивачите не правеле никакви проблеми, но УЕФА поради мешањето на политика одлучила да ги казни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Швајцарските медиуми пренесуваат дека до Швајцарија пристигнувале повеќе барања на албански граѓани кои сакале да соберат пари за да ја платат казната.
Инаку, Швајцарија имаше казни и по натпреварите со Унгарија и Шкотска, а сега ќе платат казна и за средбата со Германија во која беше поставено знамето.